x

Blizzard претстави два нови тизери за World of Warcraft

Категорија: Забава Објавено на 07 Ноември, 2018 од GSM.mk

Како приказната за новата експанзија на „World of Warcraft“ да не беше доволно комплицирана сама по себе, Blizzard реши да ги збуни играчите со два нови тизери кои фрлаат ново светло на развојот на приказната и ликовите.

Најпрво добивме одговор на прашањето како Саруфанг побегна од најчуваниот затвор на Алијансата, а одговорот е многу интересен.

Саруфанг беше пуштен од затворот од страна на никој друг, туку кралот на Стормвинд, Андуин. Во момент на очај, бидејќи Силванас е секогаш еден чекор пред него, Андуин одлучува да го искористи Саруфанг за своите потреби бидејќи и самиот е свесен дека не може да го победи. Дали Андуин е тактички гениј или пак ова е нешто што Силванас и Саруфанг го очекуваа и го планираа, останува да видиме. Во секој случај, краткиот филм на Blizzard изгледа епски.


Нешто подоцна на WoW панелот беше откриен и вториот тизер, овојпат направен во engine-от на играта, која претставува основа на Darkshore warfront.


Во него можеме да видиме дека Алијансата не е ниту невина, ниту наивна како што може да се претпостави. Моментот кога Малфурион ја закопува жива несреќната орка е многу брутален и малку потежок за гледање.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.