x

Bluboo S1: моќен процесор и одличен изглед!

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 10 Јули, 2017 од GSM.mk

Најпопуларните трендови кои ги има во речиси секој смартфон оваа година се дуалниот систем камери и дизајнот со невидливи рамки. Но, дали сте ги забележале нивните високи цени? Ниската цена е една од многуте позитивности со кои доаѓа Bluboo S1...

Bluboo S1 доаѓа со метален дизајн и предна страна заштитена со Gorilla Glass 4. Дисплејот е 5.5 инчен со резолуција од 1080 x 1920 пиксели. Во внатрешноста, се наоѓа моќниот octa-core MediaTek Helio P25 процесор со две варијанти од 4 и 6GB RAM, како и 64GB меморија.

Што е со дуалниот систем камери? Главната камера доаѓа со 16 мегапиксели, додека пак секундарната е од 3 мегапиксели. На предната страна имаме камера од 8 мегапиксели за селфи фотките. Уредот ќе  работи на Android 7 Nougat.

Претпродажбата започнува на 10 јули по цена од 160 долари!

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.