x

BRCK: Кога итно ви треба Интернет

Категорија: Технологија // Хардвер Објавено на 07 Мај, 2013 од GSM.mk

Дел од нас веќе го сметаат имањето на Интернет конекција како дел од нашите граѓански права. Интернетот е дефинитивно едно од нештата кои го променија нашиот начин на живот..

За жал, Интернетот не „постои“, туку зависи од други работи (хардвер и мрежи), на кои не може да се потпреме целосно. Што кога ќе снема струја и ја изгубите Интернет конекцијата?

Непрофитната организација Ushahidi сака да направи уред кој ќе биде наменет токму за вакви ситуации. BRCK е уред чија цел е да ви обезбедува константна Интернет врска, насекаде и во секое време. Доколку снема струја, BRCK ќе се префрли на батерии. Доколку снема една Интернет мрежа, BRCK ќе се префрли на друга.

BRCK поддржува 20 различни уреди, батеријата му трае 8 часа и може да се префрла помеѓу Ethernet, Wi-Fi, 3G и 4G. Уредот нема сам да ви создаде Интернет мрежа, но е доволно паметен за да знае на која да се префрли доколку настане проблем.

BRCK чини 200 долари и ќе започне со испорака во ноември оваа година. Доколку сакате да го нарачате, можете да ја посетите неговата Kickstarter страна.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.