x

Call of Duty: Mobile конечно станува достапна за Android и iOS

Категорија: Забава Објавено на 23 Март, 2019 од GSM.mk

Љубителите на смартфон игрите имаат нова причина за радост, откако беше најавено дека „Call of Duty: Mobile“ наскоро ќе биде достапна за сите уреди со Android и iOS оперативен систем.

Се работи за бесплатна игра која со себе ги носи популарните мапи како Nuketown и Crash, како и ликовите и оружјата од серијалот на игри „Call of Duty“, вклучувајќи ги продолженијата „Black Ops“ и „Modern Warfare“.

Точниот датум за премиерата на оваа игра и понатаму останува непознат, но од компанијата Activision најавија дека ќе лансираат бета-верзија на играта за оние кои ќе се регистрираат на нивната веб-страница и преку Google Play.


Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.