x

Call of Duty: Mobile заработи 10 милијарди долари во 2020

Категорија: Забава Објавено на 07 Април, 2021 од GSM.mk

Играта call of Duty: Mobile е многу позната, а минатата година оствари рекордна заработка.

Компанијата Tencent минатата година заработи 10 милијарди долари благодарение на оваа видеоигра, пишува Reuters.

Call of Duty: Mobile беше објавена во 2019 година и во првата недела од објавувањето имаше повеќе од 100 милиони корисници.

Оваа игра исто така стана хит бидејќи има повеќе од милијарда преземања ширум светот.

Дали ви се допаѓа и ја играте? Пишете ни во коментарите.


Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.