x

Церемонијата The Game Awards 2019 закажана за 12 декември

Категорија: Занимливости Објавено на 19 Септември, 2019 од GSM.mk

И оваа година, петти пат по ред, во декември ќе уживаме во The Game Awards церемонијата на доделување награди за најдобри достигнувања во индустријата на видеоигри.

Домаќин на церемонијата сите овие години е Џоф Кинли кој сега објави дека петтата церемонија ќе биде одржана на 12 декември.

Кинли објави дека подготвува бројни изненадувања за гледачите.

На церемонијата е најавен Mortal Kombat 11, како и Crash Team Racing.


Покрај доделувањето на наградите, ќе уживаме во претставување на новите игри, објави Play! Zine.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.