x

Чао, Internet Explorer!

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 06 Ноември, 2019 од GSM.mk

Microsoft одлучи да го промени логото на својот прелистувач Edge и на тој начин засекогаш да раскрсти (барем визуелно) со неславниот Internet Explorer.

Компанијата го претстави Edge пред четири години, а логото кое до скоро го красеше „влезот“ во новиот интернет прелистувач потсетуваше на Internet Explorer – прелистувачот што некога беше единствениот релевантен, а со текот на годините стана тромав и непрегледен.

Новото лого повторно е стилизирано „е“, но визуелно не се потпира на старите времиња. Новото лого е обликувано и обоено така што потсетува на бран, што алудира на „сурфање на интернет“.

Сепак, промената нема да стигне веднаш, бидејќи логото првенствено е резервирано за Edge Chromium, новата верзија на прелистувачот чие финално издание ќе биде претставено неделава.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.