x

Четири нови Android апликации кои треба да ги пробате

Категорија: Технологија // Софтвер Објавено на 15 Август, 2018 од GSM.mk

Со растот на популарноста на смартфоните секојдневно се зголемува и бројот на апликации за нив. За некои од нив не вреди да изгубите време пробувајќи ги, но некои навистина се истакнуваат со нивната корисност или забавата која ја нудат.

Месецов се појавија неколку нови апликации кои ни оставија добар впечаток, па препорачуваме да ги пробате. Ова се четири од нив.

Notes by Firefox

Firefox продолжува да ја проширува дејноста, овојпат преку Android апликација. Ако Firefox е веб пребарувачот кој го користите, тогаш оваа апликација совршено ќе го надополни вашето корисничко искуство. Таа автоматски се синхронизира со вашиот Firefox профил и со тоа ви дозволува да пишувате во Notes кога и да посакате.

Moment – Pro Camera

Фабричката камера можеби ви служи доволно добро, но нели мислите дека добро ќе ви дојдат неколку дополнителни нагодувања? Ако е така, тогаш инсталирајте ја Moment – Pro Camera. Оваа апликација е совршена за оние кои сакаат да ги изменуваат фотографиите откако ќе завршат со фотографирање.

AutoPick

AutoPick е одлична апликација која ќе ги претвори физичките документи во дигитални. Оваа апликација ви овозможува да скенирате хартиени документи, кои потоа ќе бидат претворени во дигитални копии кои можете да ги изменувате и копирате. На AutoPick не ѝ е потребно ниту добро осветлување, туку само добар агол од кој ќе го фотографирате текстот.

AR City Model

Оваа нова апликација не е многу корисна, но затоа е многу забавна. AR City Model ќе ви овозможи да погледнете иднината со тоа што преку камерата ќе скенирате мапа од некој град, која телефонот потоа ќе ја преработи и ќе ви покаже како би можел тој да изгледа во иднина. Иако оваа апликација нема намена во секојдневниот живот, интересно е да се види на кој начин работи нејзината вештачка интелигенција.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.