x

Човек добил струен удар од iPhone кој се полнел!

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 15 Април, 2017 од GSM.mk

32 годишниот Wiley Day е среќен што е жив, по утрото што го имал со својот телефон....

Неговиот телефон бил ставен на полнење, нешто што правел секоја вечер. Следното утро, кога се обидел да го извади од полнење, ланчето што го носел околу вратот се заглавило во кабелот од полначот, што го предизвикало струјниот удар.

Видот почнал да му се заматува и гледал само црно-бело. На крај, успеал да собере сила да го тргне ланецот и застанал. Штетата била прилично голема. Кожата околу вратот му била излупена и рацете изгорени од ланчето, кога пробал да го извади. Добил изгореници од втор и трет степен, а бил пуштен од болницата по 3 дена.

Wiley Day препорачува да бидете повнимателни со електронските уреди и никогаш да не носите метално ланче при вадење на телефон од полнење. 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.