x

Човекот кој ги измисли Copy и Paste опциите!

Категорија: Занимливости Објавено на 17 Јули, 2017 од GSM.mk

Лари Теслер, Американец роден 1945 година во Бронкс, Њујорк, е изумителот на две меѓу најдобрите функциии за компјутерите, телефоните и други мобилни уреди кои ги користиме денес.

Како компјутерски научник, работел на опциите за интеракција помеѓу човекот и компјутерите за време на целата негова кариера, која трае и денес, кога Лари има 71 година. Кариерата ја градел во компании како Apple, Herox, Amazon и Yahoo.

Неговото силно влијание не се однесувало толку на пронаоѓањето на нови начини на комуникација помеѓу луѓето и машините, колку што било во прилагодувањето на постоечките интерфејси кон нови можности. Со помош на неговиот Gypsy Editor (текст процесор) проект, развиен е и унапреден Click and Type интерфејс кој овозможува да се внесе текст на одреден дел од програма или документ или да се позиционира курсосот од глувчето.

Но, освен за силното влијание кое го оставил во ИТ светот за време на развојот на Click and Type интерфејсот, на Лари Теслер можеме да му заблагодариме и за Copy и Paste функциите, кои се развиени и успешно имплементирани во Gypsy Editor за време на периодот помеѓу 1973 и 1976 година. Во тоа време, Лари заедно со Тим Моти работел во Xerox PARC во нејзиниот развоен центар во Пало Алто.

Функцијата Copy/Paste е создадена од Cut/Paste комбинацијата, која и претходела, а подоцна се задржани сите три за лесно сецкање, копирање и лепење на текст и други содржини во зависност од интерфејсот, односно програмата во која се користат. Во годините потоа, овие функции добиле и свои картенки на тастатурата.

Apple бил клучен играч во оваа приказна, бидејќи опциите широко ги популаризирал на своите Lisa компјутери во 1980-тите години. Лари Теслер работел во Apple oд 1980 година, каде работел и на развој на Macintosh.

Првите верзии на Windows компјутерите користеле IBM концепт кој бил сличен (Insert, Dell, Shift и Control), но набрзо го прифатиле моделот кој го развил Лари Теслер.

Лари денес живее во Њујорк, компанијата Yahoo ја напуштил во 2008 година, а моментално работи како независен консултант за компјутерски интерфејси.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.