x

Чудни примери со персонализирани реклами: Дали смартфоните не шпионираат?

Категорија: Занимливости Објавено на 10 Август, 2019 од GSM.mk

Дали некогаш ви се случило да забележите реклама на одредена социјална мрежа која се однесува директно на проблем кој го имате или производ кој сакате да го купите?

Персоналните информации во онлајн светот се една од најосетливите теми, а компаниите се обидуваат да стигнат до нив на секој можен начин со цел да понудат подобри произоводи за таргетираната група корисници. Но, која граница би ја поминале овие компании за да ја исполнат својата цел?

Ова се неколку чудни примери на персонализирани реклами:

1. Џон (име земено за примерот) зборел со својот пријател на Facebook Messenger за тоа како планира да купи цвеќе од цвеќарница надвор од градот за роденденско изненадување. До тој момент Џон немал побарано ништо во врска со поклонот на Google. Сепак, само 10 минути подоцна додека седел на Facebook се појавила реклама за цвеќарница надвор од градот која врши достава. Се разбира, веројатноста да станува збор за случајност е 0. За Џон, рекламата била нападната и дефинитивно искористил цвеќарница различна од онаа која била промовирана.

The only way this story can get creepier is if your phone automatically sends this guy to do the delivery

2. Ема и Мери ја гледале популарната емисија RuPaul’s Drag Race. За време на една од епизодите, двете зборувале за тоа каква шминка и од кој бренд најверојатно е користена на учесниците. Ема, девојката која ја пријавила црната реклама, изјавила дека не е голем фан на шминкањето и дека речиси никогаш не пребарува брендови онлајн. Сепак, само еден ден откако ја гледале емисијата, на нејзиниот Facebook се појавиле голем број реклами за шминки, козметика од различни брендови. 

За жал, Facebook не е единствената социјална мрежа обвинета за вакви прислушкувања.

3. Американски пар разговарал на своите Samsung уреди користејќи ја Messenger апликацијата. Станувало збор за S10 смартфони. Главната тема на разговорот била дека сакаат да ја променат храната која ја купуваат за својата мачка. И, како што може да погодите, само неколку часа подоцна на нивните уреди се појавиле вакви реклами. Но, тоа не е се. Една недела подоцна, двојката добила купони за специфичен бренд на храна за мачки. Уште почудно е што купоните биле за локална продавница за мачки, каде двојката никогаш немала купувано. 

Maybe the cat was behind it all along!

4. Овој пат не станува збор за реклама која е премногу персонална, но за сличен пример. Жена во Америка барала нова куќа на својот уред и гледала неколку понуди на вакви страни. Една од понудите навистина и се допаѓала и веќе некое време размислувала за неа. Интересниот дел е што еден ден, од нигде и никаде, Google ја известил за точното време кое ќе и биде потребно за да пристигне од куќата до нејзиното работно место. Можеби ова е еден начин на шпионирање кој ќе ви биде од помош, но сепак е чудно.

5. Марк зборувал со својот пријател на телефон и спомнал книга која многу му се допаѓа од авторот Napoleon Hill. На тоа, неговиот пријател одговорил дека има уште една книга од истиот автор која е добра, наречена Outwitting the devil. Иако дотогаш Марк немал слушнато за книгата, како што може да претпоставите тоа не бил и последниот пат како ќе слушне за неа. Следниот ден, додека скролал на Facebook се појавила реклама токму за таа книга. Случајност? И не баш.

Дали вас ви се има случено нешто слично додека сте користеле социјална мрежа?

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.