x

Чудовиштето HTC One Max пристигна во Македонија!

Категорија: Рецензии // Телефони Објавено на 10 Декември, 2013 од GSM.mk

Да започнеме со очигледното - HTC One Max е поголема, подобра и побрза верзија на оригиналниот и високо ценет HTC One модел на тајванската компанија. Ледиком први го донесоа овој модел во Македонија за само 519 евра, па да погледнеме за што станува збор...

HTC One Max е првиот phablet на тајванскиот гигант. Ова значи дека со купување на One Max, не добивате само телефон, туку имате и „гратис“ функционалност на таблет. Ова се должи на огромниот и одличен 5,9 инчен екран на допир со FullHD резолуција (1920 x 1080 пиксели). По блиската инспекција во живо која ни ја овозможија дечките од продавницата за мобилни телефони Ледиком, ни беше малку тешко да се вратиме на нашите стандардни телефони (ситни буквиве многу! :)). Можеби телефонот тежи 217 грама, но тоа е сосема нормална тежина за волку голем уред.

Во ред, можеби нема да го собере во вашите тесни фармерки, но затоа одлично ќе ја надополнува вашата јакна. Знаеме дека сите барате издржлив и добро склопен телефон, а приматот во таа категорија денес го држи HTC! :)

Она што на нас ни се допадна е тоа што HTC очигледно си ја знае работата. HTC One доби голем број на пофалби за одличниот алуминиумски дизајн, а истиот дизајн го краси и неговиот поголем брат - HTC One Max.
Ledikom - HTC One Max спецификации

Хардверски, телефонот нема да ве разочара. Станува збор за уред опремен со одличниот и оптимизиран Snapdragon 600 процесор, кој поседува четири Krait јадра што работат на 1,7GHz. За графиката се грижи ултра-брзиот Adreno 320 графички процесор, а сето ова е надополнето со 2GB RAM. Резултатот е флуидно корисничко искуство, каде што дури и по нашето мачење не успеавме да го „натераме“ процесорот да дигне раце и да се предаде (односно да го „напнеме“ и да се укочи)!

Камерата е „само“ 4 мегапикселна, но немојте да дозволите бројот на мегапиксели да ве залаже. Оние кои вистински се разбираат од фотографија, знаат дека бројот на мегапиксели нема големо влијание врз квалитетот на сликата. Впрочем, тоа го знаат и луѓето во HTC, па затоа добиваме Ultrapixel камера, каде што секој пиксел е 4 пати поголем од стандардните, што доведува до подобри бои и контрасти.

На пример, оваа слика е направена со телефонот...приметете дека станува збор за „кошмарот“ на мобилните телефони - фотографирање при услови на слабо осветлување. Би рекле дека One Max одлично се снаоѓа тука!

Финално, сето ова е надополнето со Android 4.3 оперативниот систем и HTC Sense 5.5, кои одлично се надополнуваат за да ви помогнат при работењето со овој уред. Запамтете, доколку имате One Max, имате три уреди во едно - телефон, таблет...а според нас, и профи дигитална камера!

HTC One Max можете да го набавите во Ледиком, по ексклузивна цена од 519 евра. Би ве советувале да побрзате, бидејќи и ние самите сакаме да се подновиме со него... :)

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.