x

Црвот Морис: Американски студент го уништи интернетот уште пред 30 години

Категорија: Занимливости Објавено на 06 Ноември, 2018 од GSM.mk

Роберт Тапан Морис, син на познатиот американски криптограф Роберт Морис Сениор, во ноември 1988 година сосем случајно го уништи целиот тогашен интернетот.

Морис имаше само 20 години и беше студент на универзитетот Корнел. Таму се заинтересира за големината на тогашниот интернет, па реши да дојде до одговор како што знае и умее.

Тој напиша програм чија задача беше да патува од еден до друг компјутер, по што сите компјутери би праќале сигнали до главниот компјутер, каде ќе се собираат сигналите. На тој начин Морис се обиде да ги изброи сите компјутери кои се поврзани на интернет.

Програмот работеше успешно, но Морис знаеш дека доколку почне пребрзо да се шири ќе предизвика проблеми. Механизмите за забавување на системот кои беа дел од програмот не работеа онака како што тој замисли.


Поради тоа, програмот успеа да се „заглави“ во делови од тогашната мрежа, копирајќи се на компјутерите и потоа праќајќи го сигналот назад кај Морис. Кога тој успеа да сфати што се случува, се обиде да извести неколку од тогашните администратори на интернетот, но тоа не му појде од рака. Неговиот програм го урна целиот интернет сообраќај и пораките не можеа да стигнат до администраторите. На тој начин, Роберт Тапан Морис го изврши првиот кибернетски напад во историјата на информатиката и интернетот.

Со тек на време, таквиот напад го доби името DDoS (Distributed Denial of Service), односно напад на скратување на услугите, а тоа се случува кога голем број уреди поврзани на интернет праќаат огромен број податоци на една адреса. Поради преголемата активност доаѓа до преоптеретување, поради што компјутерот едноставно се гаси или пак одбива да комуницира со останатите компјутери приклучени на интернет.

Веќе претпоставивте, Роберт Тапан Морис е креатор на првиот компјутерски интернет црв. Црвите и вирусите се многу слични, само што вирусот мора да биде активиран пред да почне со работа, додека црвот почнува да работи кога ќе се појави на компјутерскиот уред.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.