x

Дали батеријата на новите модели на iPhone е навистина толку слаба?

Категорија: Занимливости Објавено на 05 Октомври, 2018 од GSM.mk

Дојде време и за првите тестови на батериите на новите модели на iPhone. Што велат резултатите од тестирањата на iPhone XS и iPhone XS Max?

Според резултатите од тесирањата на Tom’s Guide, новите модели на iPhone не можат да им конкурираат на врвните модели на Samsung и Huawei во поглед на издржливост на батеријата.

Како се тестираат?

Методологијата на нивното тестирање е многу едноставна - уредите се тестираат со континуирано сурфање по веб со осветлување на екранот од 150 нити. Опциите за автоматско подесување на осветлувањето се исклучени.

За тестот да биде веродостоен, сите споредени уреди се тестирани на иста мобилна мрежа и користен е засилувач на сигналот T-Mobile 4G LTE CellSpot. Со други зборови, настојувале да создадат идеални услови за тестирање.

Жестока конкуренција

iPhone XS и iPhone XS Max ги надминале HTC U12 (9 часа и 13 минути) и LG G7 ThinQ (8 часа и 35 минути). Меѓутоа, потклекнаа во споредба со останатите подобри Android уреди. Google Pixel 2 траел 12 часа и 9 минути, Samsung Galaxy Note 9 издржал 11 часа и 26 минути, додека Huawei P20 ги надминал сите со 14 часа и 13 минути.

Реклама, прецизност и реалност

Инаку, Apple декларира дека iPhone XS може да издржи 12 часа интернет помеѓу 2 полнења, додека iPhone XS Max трае 13.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.