x

Дали би се откажале од вашиот смартфон една недела за 1,000 долари?

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 10 Јуни, 2019 од GSM.mk

Дали би биле подготвени да го прифатите Flip Phone предизвикот?

Frontier Bundles, компанија која обезбедува интернет и телефонски сервиси, сега им нуди на "доволно храбрите" 1,000 долари доколку го остават својот смартфон една цела недела и преживеат со телефон на преклопување. Компанијата го постави ваквиот предизвик со цел да го прослави 30-тиот роденден од постоењето на телефонот на преклопување кој го нуди - Motorola MicroTAC.

Доколку решите да го оставите вашиот смартфон за телефон на преклопување, Frontier ќе ви даде "комплет за преживување". Истотака, по предизвикот корисникот ќе треба да даде изјава дали спиел подобро или полошо и дали бил попродуктивен без смартфонот. Еден услов е корисникот да биде над 18 години и да живее во Америка. За жал.

Личноста која ќе биде одбрана за предизвикот не само што ќе добие 1,000 долари, туку и физичка мапа да ја замени GPS апликацијата, пенкало и тетратка, како и CD со музика од 90-тите за забава.

Според Frontier, целта на експериментот е да "разбере колку зависиме од смартфоните и како тие влијатаат на секојдневниот живот".

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.