x

Дали е добро да го оставите телефонот да се полни преку ноќ?

Категорија: Совети Објавено на 03 Март, 2018 од GSM.mk

Вашето тело се обновува и се одмара преку ноќ за да биде подготвено за следниот ден. Но, дали вашиот смартфон треба да го има истиот третман?

Додека вие спиете а вашиот телефон е приклучен на полнач цела ноќ, батеријата во него всушност се полни само 2 часа за да ја врати целосно силата. Останатиот дел од ноќта, софтверот го прекинува полнењето кога батеријата ќе се врати на 100% за да не се оштети. 

Доколку го чувате телефонот под перница, ќебе, па дури и во маска преку ноќ додека се полни, може да ја ограничите способноста на батеријата да се наполни до полн капацитет. На пример, доколку вашата батерија достигнува температура од 40 степени целзиусови поголемиот дел од годината, при полнење ќе враќа само 65% од капацитетот кога ќе ја полните до 100%. Уште поинтересно е што доколку батеријата работи на температура од 40 степени целзиусови само три месеци, телефонот ќе изгуби 40% од капацитетот. 

Heat can quickly lower the capacity of your phone's battery

Се на се, податоците покажуваат дека чување на капацитетот на батеријата меѓу 40% и 80% ќе дозволи да има оптимален живот, што значи дека полнењето преку ноќ може да и наштети и да ја намали нејзината издржливост. Сепак, доколку го оставите телефонот да се полни преку ноќ, гледајте да не биде покриен со нешто што ќе направи батеријата брзо да се загрее без потреба. 


Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.