x

Дали хакерите можат да нe шпионираат преку камерата на лаптопот?

Категорија: Занимливости Објавено на 08 Ноември, 2019 од GSM.mk

Дали хакерите нè шпионираат преку камерите на лаптопот и на кој начин го прават тоа?

Половина од нашите паметни уреди се поврзани на интернет.

Повеќето од тие уреди имаат камера, па постои можност дека хакерите можеби нè шпионираат на таков начин.

Затоа, многумина ставаат налепници на камерите, и самиот Марк Закерберг го практикува тоа.

Како наведуват изворите од индустријата, стравот е оправдан.

Тие тврдат дека хакерите можат да преземат контрола над вградените и екстерните веб камери кои на некој начин се поврзани за компјутерот. Тоа најчесто го прават преку познатиот вирус „тројанец“.

Овие програми се кријат во фајловите кои се инсталираат без знаење на корисниците. Еднаш кога ќе се најдат во компјутерот, им овозможуваат пристап на хакерите до камерата и вашите лични податоци.

Па така, може да ве уценуваат со некаква снимка, да ви ги загрозат личните податоци, и така листата продолжува до бескрај.

Како да се заштитите? Кои се решенијата?

Веројатно се прашувате зошто не можете да забележите дека некоја непозната личност ве снима, но, причината е едноставна: „тројанецот“ е програмиран да не се вклучува светлосната сигнализација која покажува дека камерата е вклучена и дека ве снима.

Во склад со тој проблем, научниците препорачуваат да се инсталира соодветен антивирус кој е способен да препознае и блокира проблем пред да направи било каква штета. Важно е да го ажурирате постојано.

Доколку користите екстерна веб камера треба да ја исклучувате тогаш кога не ви е потребна.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.