x

Дали и вашиот е меѓу нив: Милиони Android смартфони пред голем проблем

Категорија: Софтвер // Android Објавено на 14 Ноември, 2020 од GSM.mk

Корисниците на постари телефони со Android оперативен систем често имаат проблеми затоа што нивните уреди се премногу застарени за некои услуги.

Од септември 2021 година, голем број веб-страници нема да можат да се отвораат на смартфони со оперативен систем Android 7.1 Nougat или постар од него. Причината за ова е дигиталната верификација.

Регулаторот за издавање дигитални сертификати, Lеt's Encrypt, долго време издаваше дигитален документ со кој се потврдува автентичноста на една страница. Сепак, компанијата што ги прави дополнителните сертификати за потврда IdenTrust - Let's Enrypt - нема да го продолжи договорот кој истекува во септември 2021 година.

Приближно една третина од веб-страниците користат сертификати на Let's Enrypt, па така сите уреди што го користат сертификатот IdenTrust нема да можат да ги отворат веб-страниците.

Според податоците од оваа година, околу една третина од уредите со Android сè уште користат оперативен систем Android 7.1 Nougat, што значи дека во моментов работи на десетици милиони телефони и таблети.

Оние кои не сакаат да го менуваат телефонот, можат да го инсталираат интернет прелистувачот Firefox Mobile, со кој ќе можат уште некое време да отвораат страници со „истечениот“ сертификат.

За да проверите која верзија на Android ја користи вашиот телефон, треба да отидете во Settings>About Phone и таму ќе ги најдете сите потребни информации.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.