x

Дали iOS 10.2 ја влоши состојбата со батериите?

Категорија: Софтвер // iOS Објавено на 24 Декември, 2016 од GSM.mk

Најновиот iOS 10.2 update најверојатно го влоши проблемот со батериите, кој на почетокот беше присутен само кај одредени iPhone 6s модели..

Иако на почетокот компанијата сметаше дека проблемот е само кај iPhone 6s модели произведени во одреден период од 2015-та година, проблемот почна да се појавува и кај други уреди. Смартфоните со ваквиот проблем се гасат кога батеријата ќе стигне до 30%. По приклучување на полнач, уредот повторно се враќа на 30% и продолжува да се полни нормално. Во други варијанти, батеријата преминува од 30% на 1% и така останува неколку часа. Според некои корисници iOS 10.2 го влоши проблемот.


Оние кои сметаат дека iOS 10.2 го влошува проблемот повторно се враќаат на  iOS 10.1 и 10.1.1. Некои iPhone сопственици кои ја имаат бета верзијата на iOS 10.2 велат дека има подобрувања и уредот не се гаси кога ќе дојде до 30%. Наводно, iOS 10.2 доаѓа со одредена функција која ќе и помогне на компанијата да го пронајде и реши проблемот.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.