x

Дали мемињата засекогаш ќе исчезнат?

Категорија: Забава Објавено на 15 Мај, 2019 од GSM.mk

Дали можете да си го замислите животот без мемиња? Европскиот парламент неодамна донесе нов закон за авторски права што би можело да придонесе за постепено исчезнување на овие вирални содржини од интернетот.

Според британски „Индепендент“, членовите на Европскиот парламент неодамна гласаа за контроверзните членови 11 и 13.

Член 13 поставува насоки за технолошките платформи, а целта е да се проверува сѐ што објавувате на интернет со цел да не се кршат никакви авторски права.

Согласно тоа, социјалните мрежи и технолошките компании ќе имаат задача да ги следат сите интернет содржини.

Меѓутоа, што ако мемето кое штотуку сте го објавиле содржи материјал заштитен со авторски права во облик на видеоснимка, песна или скриншот?

Според новите правила што „ги присилуваат интернет компаниите да воведуваат строги автоматски проверки ни кои мора да помине содржината пред да биде објавена на платформи како Twitter или Facebook“, ќе го сметаат вашето меме за кршење на авторските права и тоа ќе биде казниво.

Токму поради тоа, светските медиуми пишуваат по ова прашање и го поставуваат прашањето дали засекогаш ќе исчезнат популарните мемиња што се споделуваат на социјалните мрежи?

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.