x

Дали паметниот телевизор навистина ве шпионира?

Категорија: Занимливости Објавено на 07 Февруари, 2018 од GSM.mk

Паметните домови се исполнети со уреди кои меѓусебно комуницираат и можат да собираат и пренесуваат податоци, кои (веројатно) не сакате да ги споделувате.

Бројни сигурносни стручњаци веќе подолго време предупредуваат на незгодната страна на модернизацијата на нашите домови. Сè поголем број уреди доаѓаат со вградени микрофони и камери кои служат за подобро корисничко искуство или комуникација со корисникот. Ретко кој би помислил дека ваквите уреди би можеле да бидат лесно злоупотребени од хакерите кои без проблем ќе брцнат прсти во вашата приватност.

Но, доколку во домот имате дигитални асистенти или ТВ уреди кои користат гласовни команди и се поврзуваат на интернет, не постои гаранција дека некој некаде не ги снима вашите разговори.

Накратко, истите работи кои ги користите во памтниот дом - интернетот, микрофоните и камерите, служат како мети за хакерите.

Поевтиното е понесигурно

Проблематични уреди се претежно оние поевтините - создадени без преголема загриженост за приватноста, кои е поверојатно дека имаат сигурносни пропусти.

Помалку од 15% од потрошувачите веруваат дека се многу информирано за ризиците поврзани со домашните уреди, а повеќе од 40% веруваат дека за нив не знаат ништо.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.