x

Дали селфи фотографиите може да бидат уметност?

Категорија: Занимливости Објавено на 01 Јануари, 2018 од GSM.mk

Селфи музеј, кој во јануари ќе биде отворен во Лос Анџелес, на публиката ќе ѝ претстави уметност инспирирана од селфи фотографии.

Музејот на посетителите ќе им понуди многу простории посебно уредени за сликање на селфиња, во кои ќе се најдат и оние експонати какви што корисниците на социјалните мрежи често ги прикачуваат на своите профили, како што се храна или тоалет со големи огледала.

„Сакаме луѓето да се насмеат и да се изненадат. Ние сме место за визуелен хумор, во кое посетителите стапуваат во интеракција со просторот штом ќе влезат во музејот. Се надевам дека ќе и биде забавно и дека ќе бидат збунети и изненадени“, вели коосновачот на музејот Томи Хонтон.

Музејот на посетителите им нуди интерактивно доживување. 

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.