x

Дали сте подготвени за нова тура бесплатни игри секој ден?

Категорија: Рецензии // Игри Објавено на 01 Декември, 2022 од GSM.mk

Како и претходните три празнични сезони, Epic Games ќе подарува бесплатни игри околу Божиќ и оваа година.

Оваа информација ни доаѓа од страницата Dealabs, каде корисникот billbil-kun ја сподели оваа информација, одговарајќи на прашање на друг корисник.

Зошто веруваме во она што го вели billbil-kun? Бидејќи е познат по точните информации што ги споделувал во минатото, вклучувајќи ги претстојните игри на PS Plus, промоциите на Xbox Game Pass, бесплатните игри на Epic Games и многу повеќе.

Во 2019 година, Epic Games ја започна практиката на споделување бесплатни игри во декември, при што корисниците на оваа платформа имаа можност да зграбат дури 12 игри. Ова празнично подарување продолжи и во 2020 и 2021 година, така што минатиот декември имавме можност да ги видиме следните игри:

  • Shenmue 3
  • Neon Abyss
  • Remnant From The Ashes
  • The Vanishing of Ethan Carter
  • Loop Hero
  • Second Extinction
  • Mutan Year Zero: Road to Eden
  • Vampyr
  • Pathfinder: Kingmaker
  • Prey
  • Control
  • Mages of Mystralia
  • Moving Out
  • Salt and Sanctuary
  • Rise of the Tomb Raider 20 Year Celebration
  • Shadow of the Tomb Raider Definitive Edition
  • Tomb Raider Game of the Year

Иако не можеше да даде попрецизен одговор, billbil-kun рече дека овогодинешната промоција ќе трае од 15 декември 2022 година до 10 јануари 2023 година, повторно опфаќајќи ги католички Божиќ и Нова Година.

Epic Games моментално подарува една до три игри секоја недела, но за време на промоцијата следниот месец, ќе гледаме бесплатна игра секој ден. Додека чекате да започне промоцијата, имате можност бесплатно да ја преземете играта Star Wars Squadrons до четврток, а потоа ве очекуваат Fort Triumph и RPG in a Box.



Извор: Кајгана.мк


Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.