x

Дали Steve Jobs ќе одобреше 6.5 инчен iPhone модел?

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 21 Септември, 2018 од GSM.mk

Еден од новите iPhone модели доаѓа со значително поголем дисплеј од неговите претходници. Со оглед на тоа што желбите на корисниците се имаат променето од времето на Steve Jobs во далечната 2007, дали ваквиот уред ќе беше одобрен од него?

Обично, Jobs сметаше дека просечната големина на дисплејот треба да биде околу 3.5 инчи, за да може корисникот со палецот да го покрие целиот панел. Додека Galaxy Note беше првиот смартфон со дисплеј поголем од 5 инчи во октомври 2011 година, Apple ја промени големината речиси една година подоцна, со 4 инчниот iPhone 5. Две години подоцна, Apple ја надмина големината од 5 инчи со претставувањето на 5.5 инчниот дисплеј кај iPhone 6s. 

Покрај покриеноста со палецот, Jobs сметаше дека никој не е заинтересиран во купување на голем телефон. Во 2010, ко-основачот на Apple изјави дека не постои iPhone модел со голем дисплеј, бидејќи "никој не би го купил". Но дури и тогаш, неколку Android модели, меѓу кои беше и популарниот Motorola DROID X со 4.3 инчниот панел, доаѓаа со поголеми екрани од оние на Apple. 

Бидејќи два од трите нови iPhone модели кои беа претставени доаѓаат со панели поголеми од 6 инчи, полисата на компанијата во однос на големината на дисплејот дефинитивно се има променето под лидерството на Tim Cook. 


За жал, мислењето на Steve Jobs за големината на iPhone екраните ќе остане како реторичко прашање. iPhone XS Max доаѓа со огромен 6.5 инчен панел, што значи дека очекуваме уреди со уште поголеми панели во наредните години. Кое е вашето мислење, што би рекол основачот на Apple за тоа?

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.