x

Дали стигнавме до крајот на инфлацијата на смартфон цените?

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 17 Август, 2019 од GSM.mk

Во последните години се појави загрижувачки тренд каде цените на смартфоните почнаа да стануваат се повисоки и повисоки. Но, дали конечно стигнавме до крајот на овој тренд?

Доколку претходно требаше да платите 600 евра за Samsung или Apple уред, сега цените на премиум смартфоните започнуваат од најмалку 900 евра. Но, изгледа дека конечно овие цените ќе се стабилизираат. Еве неколку причини зашто мислиме така:

1. Продажбата на смартфоните е се пониска

Веќе неколку години, продажбата на смартфоните полека, но сигурно е се помала и помала. Главната причина позади ова е што смартфон пазарот е веќе заситен, а секојдневно се појавуваат нови компании кои нудат нови и уникатни уреди. 

2. Луѓето ретко плаќаат целосна цена при купување нов смартфон

Со цел да создадат лојална база на корисници, операторите често нудат специјални договори и понуди за купување на овие уреди.

3. Премиум телефоните не се толку уникатни

Додека пред неколку години Apple и Samsung доминираа на пазарот за премиум смартфони, во последно време тоа не е случајот. Сега, има голем број кинески компании кои нудат еднакво моќни уреди со одличен и премиум дизајн по речиси двојно пониска цена. 

Colors that look cool for about 2 minutes before you put your precious phone in a case - Have we reached the end of smartphone price inflation?

4. Дали стигнавме до новиот стандард кај смартфон цените?

Apple беше првиот популарен бренд кој претстави смартфон со цена од 1 000 евра и иако во тој период беше шок за корисниците, наскоро потоа стана нова норма. Samsung и Huawei, бредновите кои се најголем ривал на Apple речиси веднаш потоа претставија свои смартфони со слични цени. 

5. Телефоните на преклопување ќе претстават нови и повисоки цени

Додека цените на смартфоните можеби стагнираат во моментот, набрзо ќе се појави нов бран на уникатни смартфони кои ќе доминираат на пазарот и ќе претстават нови цени. 


Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.