x

Дали треба да ја покриете камерата на лаптопот?

Категорија: Совети Објавено на 01 Ноември, 2017 од GSM.mk

Многу луѓе, вклучувајќи го и самиот Марк Закерберг ја покриваат камерата на своите лаптопи. Како што стојат работите, не станува збор за обична параноја без причина.

Меѓу нив е и поранешниот директор на ФБИ Џејмс Ками, кој во едно неодамнешно интервју изјави дека „секогаш е паметно да покрие камерата со лента“.

Исто така, мината година се појави и фотографија од Марк Закерберг, а во позадина може да се види неговиот лаптоп на кој камерата е покриена со лента.

Иако е сосема логично хакерите да се обидат да дојдат до компјутерите на директорот на ФБИ и Марк Закерберг, прашањето е дали и обичните луѓе треба да стравуваат.

Еден од мотивите би можел да биде уцена, односно хакерот може да ве сними во некој незгоден момент и потоа да го искористи за да добие нешто од вас.

Единствен начин на кој тоа може да го направи е да воспостави контрола над целиот компјутер.

Тоа значи дека хакерската процедура е слична на другите облици на напад на далечина и вклучува наведување на корисникот да кликне на лажен линк.

На тој начин компјутерот инсталира програма која на хакерот му овозможува пристап. Не се надевајте дека ќе можете да препознаете што се случува.

Можете да се заштитите на тој начин што ќе го затворите лаптопот ако не го користите, преземете ги најновите ажурирања на анти – вирусот кој го користите и останатите безбедносни програми, редовно чистете го компјутерот од malware и избегнувајте да кликате непроверени линкови.

Ако и после сите мерки за претпазливост стравувате од шпиун, покријте ја камерата со лента токму онака како што направил Закерберг. 

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.