x

Дали ви снемува меморија? Избришете ги овие апликации

Категорија: Совети Објавено на 18 Март, 2021 од GSM.mk

Скоро сите имаме некои работи во нашите мобилни телефони кои веќе не ни се потребни. Само погледнете колку идентични слики имате во галеријата од камерата.

Но, постојат некои работи што треба да ги отстраните за да го исчистите вашиот мобилен телефон. Кога сакате да го исчистите вашиот уред, најдобро е да започнете од апликациите.

Има пет апликации што треба да ги отстраните од вашиот мобилен телефон.

Апликации за скенирање QR код

Овие апликации ви дозволуваат да фотографирате или скенирате QR-код, по што уредот ве пренасочува на одредена страница. Апликациите од овој тип станаа особено популарни за време на пандемијата, бидејќи многу кафулиња и ресторани ги напуштија традиционалните менија за да ги ограничат блиските контакти.

Апликации за скенирање

Овие апликации обично се користат кога треба да скенирате некои документи. Но, веќе не мора да ги инсталирате овие апликации на вашиот мобилен телефон бидејќи повеќето нови уреди веќе ги имаат автоматски вградени овие карактеристики. Можете лесно да скенирате документи преку апликацијата Google Drive или камерата на вашиот уред.

Facebook

Ако ви снема меморија на уредот, можете да ја деинсталирате апликацијата Facebook. Имено, оваа апликација зафаќа огромна меморија, особено ако ја имате инсталирано подолго време. Дури и само прелистување на тајмлајнот додава привремени и зачувани датотеки на уредот. Една опција е да го деинсталирате Facebook и повторно да го преземете, но тоа е само привремено решение. Друга опција е да ја деинсталирате апликацијата, па да пристапувате до Facebook по потреба преку прелистувач.

Светилка

Овие апликации порано беа исклучително популарни, но денес паметните телефони ја вградуваат оваа опција автоматски, па тогаш таквите апликации само непотребно зафаќаат меморија.


Извор: Кајгана.мк

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.