x

ddd

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 08 Ноември, 2018 од GSM.mk

Според новите информации, Apple навистина планира да ја промени конструкцијата на iPhone моделите кои планира да ги претстави оваа година..

На почетокот, според аналитичарот Kuo, се зборуваше дека следбеникот на iPhone X, кој ќе доаѓа со 5.8 инчен OLED панел ќе чини околу 800-900 долари, во зависност од меморијата. X Plus верзијата, со 6.5 инчен OLED панел, требаше да чини меѓу 900 и 1000 долари, додека "буџетскиот" iPhone модел, со 6.1 инчен дисплеј, требаше да доаѓа со цена меѓу 600 и 700 долари.

Сега, аналитичарот Morgan Stanley ги провери овие бројки и како тие ќе влијаат на просечната продажна цена на Apple и дојде до речиси истите заклучоци. Но, според неа, почетната цена на најголемиот iPhone кој Apple го има произведено досега, ќе биде 999 долари. По него, следбеникот на iPhone X ќе чини 799 долари, а LCD iPhone моделот ќе има цена помеѓу 699 и 770 долари.

Во најлошиот можен случај, барем за купувачите, Morgan предвидува X Plus да чини 1099 долари, iPhone X 2018 да чини 999 долари и LCD iPhone моделот да биде 799 долари. 

Сега за сега, просечната продажна цена на Apple има постигнато дури 652 долари во 2017 година. Со цените кои ги предвидуваат аналитичарите, оваа бројка може да се зголеми дури за 7.2%. 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.