x

Децата и интернетот: Како педофилите демнат на социјалните мрежи?

Категорија: Забава Објавено на 16 Март, 2020 од GSM.mk

37-годишна мајка влезе во тајна задача за лов на педофили онлајн.

Таа се претставува како 11-годишно девојче на социјалните медиуми за да ги открие опасностите со кои се соочуваат децата на социјалните мрежи како Instagram, Snapchat, TikTok и Kik.

Компанијата за која работи таа, Bark, има за мисија да им помогне на родителите да научат како да ги заштитат своите деца од опасности кои демнат на интернет.

Кога не ја следите онлајн активноста на децата, тие се изложени на предатори кои за само неколку минути можат да ја нарушат нивната приватност и да почнат со психолошка злоупотреба на ранливиот детски ум.

Во 2018 година, компанијата Bark го алармирала ФБИ за 99 педофили. Во 2019 таа бројка скокна на 300. Секој од овие случаи претставува конкретно дете кое било изложено на вистинска опасност.

Токму затоа, оваа мајка реши да се претстави како 11-годишно девојче онлајн и преку нејзиниот профил да лови педофили и да ги открива нивните умствени игри.

Ова е нејзината приказна: како со помош на фотошоп се трансформирала во 11-годишно девојче и како течел процесот на ловење онлајн педофили.


Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.