x

Десетгодишнина од првиот iPhone!

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 10 Јануари, 2017 од GSM.mk

9 јануари, 2007-ма година беше еден од најважните денови за еволуцијата на смартфоните. Moscone Center во Сан Франциско беше местото каде Steve Jobs го претстави првиот iPhone и стана најзначителен ден за неговата компанија..

"Ова е денот кој со нетрпение го чекав две ипол години"- беа зборовите кои ги изговори Стив Џобс околу 9:43 часот наутро на 9 јануари. На тој ден, Џобс претстави три нови производи. Иако сите добија огромен аплауз, телефонот беше оној кој го превзема целото внимание. iPod, телефон и интернет комуникатор. Тоа беа трите произовди кои Џобс ги претстави. Но, она што го задржа вниманието и ја изненади публиката е тоа што сите тие сочинуваа еден производ, кој Стив Џобс го нарече iPhone.

"Заедно, денес, ќе направиме историја"- изговори Стив Џобс пред да го претстави револуционерниот произовд. И не згреши. Од тогаш, компанијата претстави 15 различни смартфони, а успехот на Apple е се поголем и поголем.



Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.