x

Директорот на ФБИ: Покријте ја камерата на компјутерот

Категорија: Совети Објавено на 05 Април, 2017 од GSM.mk

Прекријте ја камерата на вашиот компјутер со тоа ќе се заштитите од шпиунирање, предупредува ФБИ. Директорот на ФБИ Џејмс Коми, додава дека тоа е паметна работа која луѓето може да ја направат.

Ако камерата остане вклучена, има можност да биде пробиена од хакерите и тие да гледаат што прават корисниците, тврдат експертите за безбедност, пренесува британскиот Independent.

На фотографија од пред неколку месеци очигледно беше дека Марк Закерберг ја покрива камерата на својот лаптоп, што поттикна дискусии на оваа тема во јавноста.

Директорот на ФБИ вели дека сите канцеларии на американската влада ги покриле камерите од своите компјутери, а истото треба да важи и за останатите граѓани. За да го направите ова, доволно е да ставите салотејп-трака врз камерата. 

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.