x

Директорот на Twitter: Блокирањето на Трамп е исправна одлука, но е опасен преседан

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 16 Јануари, 2021 од GSM.mk

Главниот извршен директор на Twitter, Џек Дорси, објави дека забраната на американскиот претседател Доналд Трамп на таа социјална платформа, по минатонеделното насилство во Капитол, е исправна одлука, но претставува опасен преседан.

„Не ја прославувам ниту чувствувам гордост во забраната на Трамп на Twitter. По предупредување дека ќе преземеме такво дејство, одлучивме според најдобрите информации базирани на закани до физичката безбедност од и без Twitter. Дали е тоа исправно? Верувам  дека е тоа правилната одлука за Twitter. Се соочивме со неверојатни околности кои нè принудија да се фокусираме на нашите дејства за јавната безбедност. Офлајн насилството како резултат од онлајн говор е реално, додава Дорси.

Тој смета дека преземањето вакви забрани претставува преседан кој е опасен, поради моќта што поединецот или корпорацијата ја има над дел во глобалниот јавен дијалог.

Минатата недела Twitter го блокираше профилот на Доналд Трамп поради ризик од понатамошно насилство на поддржувачите на Трамп кои насилно влегоа во Капитол Хил.

Забраната поттикна критики од некои републиканци дека со тоа е нарушено правото на слободен говор на претседателот. Дури и германската канцеларка Ангела Меркел предупреди за потенцијалните ограничувања на слободата на говорот за кои треба да одлучуваат законодавците, а не приватните компании.

Трамп е блокиран на Twitter и на YouTube, а Дорси коментираше дека потезите на социјалните мрежи не се координирани, туку само се меѓусебно охрабрувани.

URL


Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.