x

Disney го раскина договорот со PewDiePie поради невкусна шега

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 16 Февруари, 2017 од GSM.mk

Феликс Кјелберг, односно PewDiePie деновиве е глава тема во медиумите поради една негова невкусна шега. Компанијата Disney го раскина договорот со него, поради едно негово невкусно видео со антисемитска содржина.

Во видеото „Смрт за Евреите“ Феликс најмува двајца актери преку Fiverr. Индијците во видеото потоа се извинија за стореното, тврдејќи дека не знаеле што значи пораката во текот на снимањето. Сите тројца добија забрана за користење на Fiverr, а потоа Феликс испрати барање да се прекине забраната за Индијците.

Тој се огласи на Tumblr, тврдејќи дека не ја поддржува омразата во никаков облик. Иако неговиот YouTube канал сè уште е достапен, корисниците забележуваат дека нема реклами на некои од видеата, што значи дека компаниите со кои соработува, брзо ги отстрануваат рекламите за да не ги поврзуваат со ѕвездата, обвинета за антисемитизам.

Тој има 53 милиони претплатници на YouTube каналот и во изминатата година заработи повеќе од 15 милиони долари.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.