x

Доаѓа финалната верзија од Android Nougat за Galaxy S7/S7 edge!

Категорија: Софтвер // Android Објавено на 30 Декември, 2016 од GSM.mk

Според изјави од Кина, Android Nougat Galaxy бета програмата за Samsung Galaxy S7 и S7 edge пристигнува до крај со тестирањата, што значи дека финалниот производ ќе биде претставен наскоро!

Samsung ја претстави петтата Android Nougat бета верзија за Galaxy S7 и Galaxy S7 edge телефоните пред неколку дена, а според изворите тоа е последната бета верзија пред појавата на финалниот продукт. Информациите доаѓаат од различни извори, но сеуште не се потврдени од самата компанија.

Иако петтата бета програма од Android Nougat можеби е последна, најверојатно ќе пројдат неколку недели пред да биде претставена финалната верзија. Како и да е, тоа сепак значи дека Galaxy S7/S7 edge ќе го добијат update-тот некаде во јануари.

Според претходни изјави, Galaxy S7 и Galaxy S7 edge можно е и директно да го добијат Android 7.1.1 Nougat.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.