x

Доаѓа нов BlackBerry таблет!

Категорија: Новости // Таблети Објавено на 02 Април, 2017 од GSM.mk

Еден од сопствениците на BlackBerry сподели возбдудливи вести за идните планови на компанијата!

За време на неговото интервју, John Chen изјави дека еден од партнерите на BlackBerry е заинтересиран за производство на таблет. Компанијата која е заинтересирана за уредот е една од трите кои имаат дозвола да произведуваат BlackBerry телефони. Тука спаѓаат: TCL, Optiemus и PT BB Merah Putih. Доколку таблетот навистина е во производство, ќе работи на софтвер снабден од BlackBerry.

BlackBerry PlayBook е единствениот таблет кој компанијата го има произведено досега. Претставен во 2011, таблетот работеше на QNX оперативен систем, кој потоа беше сменет во BlackBerry 10. Иако самиот опертивен систем доби позитивни критики, ситуацијата не беше иста и за таблетот, поради неколку недостатоци.

Интересно е што самиот CEO на BlackBerry, Thorsten Heins, во 2013-та изјави дека таблетите нема да постојат и ќе бидат заборавени за 5 години.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.