x

Dock PowerTime може истовремено да полни четири уреди

Категорија: Технологија // Хардвер Објавено на 19 Декември, 2017 од GSM.mk

Ако штекерите ви се секогаш зафатени, а притоа поседувате Apple уреди, тогаш решението на вашите проблеми се вика PowerTime Apple Watch Charging Dock.

Dock PowerTime може безжично да го полни вашиот Apple Watch, но поседува и три УСБ портови со кои можете да полните уште три уреди.

За разлика од многуте уреди за брзо полнење, овој користи паметна технологија за сигурно полнење на електронските уреди без притоа да ја оштети нивната батерија.

Површината на оваа направа е направена од силиконска база, така што тоа ја прави отпорна на гребење, што значи дека не мора ни да бидете особено внимателни.

Цената на овој уред изнесува 49 долари, но може да се најде и на некоја новогодишна акција за 34,99 долари.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.