x

Доделени наградите за игри на годината 2016

Категорија: Рецензии // Игри Објавено на 04 Декември, 2016 од GSM.mk

Синоќа се одржа церемонијата на доделување на видео игри на годината, за 2016. Главната награда ја зема хитот на компанијата Blizzard, Overwatch.

Играта ги победи сите останати влезени во конкуренција - сите видео игри излезени во периодот 24 ноември 2015 - 24 ноември 2016 година, меѓу кои и Doom, Uncharted 4, Inside, Titanfall 2 и други.

Останатите добитници на награди прочитајте ги подолу.

Најдобра мобилна игра: Pokemon GO
Најдобра семејна игра: Pokemon GO

Игра со цел: That Dragon Cancer
Најдобра независна игра: Inside
Најдобра мултиплеер игра: Overwatch
Најдобра е-спорт игра: Overwatch
Најдобра акциона-авантура игра: Dishonored 2
Најдобра акциона игра: Doom
Најдобра VR игра: Rez Infinite
Најдобра боречка игра: Street Fighter V
Најдобра RPG игра: The Witcher 3: Wild Hunt - Blood & Wine
Најдобра стратегија: Civilization VI
Најдобра спортска игра: Forza Horizon 3
Најдобра гејм режија: Overwatch
Анјдобра арт режија: Inside
Најдобра нарација: Uncharted 4

Најдобар е-спорт тим: Cloud9
Најдобар е-спорт играч: Марсело “Coldzera”Дејвид (Counter-Strike: Global Offensive)
Најдобар актерски перформанс: Нолан Норт, Uncharted 4
Најпопуларен гејмер: Boogie2988
Најочекувана игра: The Legend Of Zelda: Breath of the Wild.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.