x

Доказ: Како Facebook апликациите ги собираат вашите податоци?

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 08 Јули, 2018 од GSM.mk

Иако Facebook се труди да ги надополни недостатоците после скандалот со компанијата Cambridge Analytica, сепак оваа социјална мрежа и понатаму се соочува со многу проблеми.

Експерти за интернет безбедност на оваа мрежа редовно пронаоѓаат апликации, кои ги злоупотребуваат корисниците на податоците.

Истражувач кој се занимава со безбедност на интернет, Де Цеукелер, откри квиз апликација Nametests.com, која во јавноста објавуваше лични податоци на корисниците повеќе од една година.

Во објава на сајтот „Medium“, тој наведе дека java script, потенцијално може да ги открие личните податоци на корисник на Facebook, како што се име и презиме, јазикот кој го зборува, полот, датумот на раѓање, профилната фотографија, насловната фотографија, уредот кој го користи, последните ажурирања на информации, објави и статуси, како и фотографии на пријателите.

Тој исто така истакнува дека овие податоци биле јавно објавени барем од крајот на 2016 година.

Истражувачот отвори сајт, чија задача е да бара да добива информации од java script, каде NameTests.com ги складирал сите податоци кои ги земал од корисниците, кои го правеле тестот Which Disney Princess Are You? (Која Дизни принцеза си ти?).

Откриено е дека била потребна само една посета за да се дојде до нечии приватни информации во период до два месеца.

Де Цеукелер обезбеди и видео доказ за целиот овој процес:


Тој овој проблем до Facebook го испратил во април, а NameTests.com, како што стојат работите, успеа да го реши на 25 јуни.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.