x

Доколку вака ќе изгледа Pixel 2 XL, го сакаме веднаш!

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 16 Јули, 2017 од GSM.mk

Минатогодишните Google Pixel и Pixel XL беа едни од најпопуларните смартфони за 2016 година. Потоа, Google ги изненади фановите со прекинување на Nexus линијата и преминување од уреди со поволни цени во премиум модели со повисоки цени....

Бидејќи минатогодишната Pixel серија беше толку популарна, фановите едвај чекаат да видат какви подобрености ќе воведе Google кај новите уреди во линијата. Сега за сега, познати се како Pixel 2 и Pixel 2 XL, а што е уште поважно, се појавија слики од нивниот изглед. 

Пред некој месец се појавија концепти за дизајнот на уредот, a фановите не беа многу задоволни од изгледот и сметаа дека може да се направат неколку промени за уредот да стане премиум модел. За среќа, вистинскиот уред изгледа многу подобро.  

Минатогодишните Pixel уреди беа одлични, истото важи и за iPhone моделите, но оваа година сакавме да видиме нешто пооригинално. Изгледа дека тоа ќе го добиеме со овие смартфони. Рамките од предната страна се смалени, стаклениот панел на задната страна е заменет и се на се, добиваме телефон со одличен дизајн.

Какви се вашите мислења за уредот на сликата? :)

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.