x

Достапен Android 7.1.1 Nougat Concept за Sony Xperia X

Категорија: Софтвер // Android Објавено на 06 Јануари, 2017 од GSM.mk

Sony го најави новиот Android 7.1.1 Nougat претходниот месец. Иако update-тот сеуште не е достапен за смартфоните на Sony, очигледно компанијата набрзо ќе ја исполни својата цел.

Сега, сопствениците на Xperia X, може да го симнат  Android 7.1.1 Nougat “Concept”, доколку немаат ништо против бета тестирање на нов софтвер.  За да може да го добиете новиот update, мора да ја имате симнато новата Concept Installer апликација од Google Play.

Компанијата изјави дека има додадено и поддршка за PlayStation 4 remote-play, која сеуште не е достапна во моментов, како и подобрувања во апликацијата за камерата.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.