x

Дрон за selfie фотографии!

Категорија: Рецензии // Гаџети Објавено на 25 Ноември, 2016 од GSM.mk

Секојдневно се соочуваме со голем број selfie предизвици. Некогаш, сакаме сите да не собере во сликата, или пак, нашата рака или sefie stick-от да не ја зафаќа половина фотографија. Како решение на овие проблеми е дизајниран AirSelfie дронот.

AirSelfie е мал дрон со камера, кој се поврзува со вашиот телефон преку апликација. Лета во воздух, ја прави фотографијата и потоа се враќа кај вас. Уредот тек треба да почне да се произведува, но постојат прототипови кои ја покажуваат неговата функција во официјалното видео:

AirSelfie, како и секој друг производ, има свои предности и недостатоци. Една од неговите предности е неговата големина, малку помал од Galaxy S7 Edge, но и малку подебел. Друга предност е неговата маска со која уредот се полни. Може да се користи како заштитна маска за вашиот телефон, ако имате Galaxy S7 Edge или iPhone 6, но и за полнење на вашиот дрон. AirSelfie има камера од 5 мегапиксели, што е слична како и selfie камерите на повеќето телефони. Може да снима HD видеа со 1280x720 пиксели, но не и 1920x1080 Full HD.

Дронот не е наменет за долги летови. Неговата батерија трае 3 минути, што е доволно за selfie, но не и ако сакате да разлгедувате наоколу. Истотака, може да лета 20 метри во висина, што е сосема доволно бидејќи е наменет како летачка selfie камера, а не како дрон.

Цената на дронот, најверојатно, ќе биде 180 евра.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.