x

Два нови iPad Pro модели ќе бидат претставени на WWDC 2017!

Категорија: Новости // Таблети Објавено на 03 Јуни, 2017 од GSM.mk

Овогодинешниот Apple Worldwide Developers Conference настан ќе се одржи на 5 јуни, понеделник. Да погледнеме што може да очекуваме:

Она што е сигурно, е претставувањето на новиот iOS 11, бидејќи е WWDC традиција. Кога станува збор за хардверот, можно е да биде претставен т.н Siri звучник, како и некои спецификации и новости за iPhone 8.

И, се разбира, како што пишува во насловот, се очекува претставување и на два нови iPad Pro модели. Станува збор за поголема, 12.9 инчна, верзија и 10.5 инчен модел, кој ќе го замени 9.7 инчниот минатогодишен таблет. Двата модели би требало да доаѓаат со Apple A10X и потенки рамки. 

Последно, се очекува да биде претставена нова генерација на Apple Pencil, која ќе биде компатабилна со новиот iPhone 8. 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.