x

Две iPhone батерии експлодирале во две различни Apple продавници!

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 16 Јануари, 2018 од GSM.mk

Два пати во само два дена iPhone батерии експлодирале во две различни Apple продавници...

Пред само неколку дена, Apple продавница во Валенсија, Шпанија била исполнета со чад откако експлодирала батерија на iPhone уред кој бил на поправка. Вработените во продавницата веднаш го задушиле пламенот и ги отвориле прозорците за да се ослободат од чадот. За среќа, немало повредени.

Два дена подоцна, вработен во Apple продавница во Цирих, Швајцарија, се здобил со мали повреди откако се запалила батерија во iPhone уред. Се на се, седум лица биле третирани на местото на настанот, но на никој не му била потребна медицинска помош. 

Apple сеуште нема дадено изјава за инцидентите. 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.