x

Две нови Pokemon игри пристигнаа на Facebook!

Категорија: Забава Објавено на 26 Декември, 2019 од GSM.mk

Facebook Gaming додаде две нови игри кои дефинитивно ќе им се допаѓаат на корисниците!

Станува збор за Pokémon Tower Battle и Pokémon Medallion Battle.

Од нивPokémon Tower Battle е достапна на глобално ниво и е претставена како "уникатна верзија од Pokemon франшизата". Играчите може да се натпреваруваат со свои пријатели или со други играчи.

Од друга страна, Pokémon Medallion Battle е стратегиска игра која во моментот е достапна во Азија. "Тренерите собираат покемони и учествуваат во битки, со цел да освојат повеќе награди". Истотака, играчите ќе откриваат нов покемон кој ќе биде најавуван секој месец. 


Двете игри се достапни на Facebook Gaming порталот како дел од Instant Games платформата на компанијата. 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.