x

Џојстикот на PlayStation 5 ќе ги бележи реакциите на телото?

Категорија: Забава Објавено на 03 Март, 2020 од GSM.mk

Сони внимателно ги крие тајните поврзани за најновата конзола на PlayStation во најава, но тие сè повеќе „случајно“ се откриваат и протекуваат во јавноста.

Меѓу последните гласини, се и оние дека Sony PlayStation 5 ќе биде компатибилен со игрите на „четворката“.

Се говори и за нов патент што овозможува дополнителни функции на џојстикот… Станува збор за технологија со опции за следење за телесните реакции на играчот при играњето: колку тој се поти, колкав е бројот на отчукувања на срцето итн.

„Производителите сакаат на гејмерите да им понудат интерактивно и тридимензионално искуство, заради поголемо уживање во игрите. Сè поголемиот пристап до екрани кои се држат на глава како, на пример, ВР очилата, ја направи оваа технологија доста барана”, се вели во описот на патентот.

Овие наводи сѐ уште не се официјално потврдени.

Датумот на објавување на PlayStation 5, како и продажната цена, сѐ уште не се познати. Sony ги почитува строгите НДА стандарди, за да ги заштити патентите кои се дел од новата конзола. Освен тоа и Microsoft имаше планови оваа година да ја претстави својата X-Box, па Sony се обидува да ги сокрие своите адути.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.