x

EA Sports пушти трејлер за новите FIFA 21 и Madden 21

Категорија: Забава Објавено на 24 Јуни, 2020 од GSM.mk

За сите гејмери, поточно оние вљубеници во спортските игри, излезе официјалниот трејлер за двете игри во најава на EA Sports, најпопуларните за фудбал и за американски фудбал.

Игрите ќе бидат достапни и за PlayStation 5 и Xbox Series X. За Microsoft Windows, PlayStation 4, и Xbox One прво ќе излезе Madden 21 на 28 август, додека FIFA 21 се очекува да излезе на 7 октомври.

Од EA Sports веќе отсега овозможија да ѕирнеме во новата технологија со која ќе располагаат овие две спортски игри.


Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.