x

Еден потег за да ви трае подолго смартфонот

Категорија: Совети Објавено на 02 Октомври, 2017 од GSM.mk

За да ви биде смартфонот порастоварен и подобро да работи, треба да направите само една работа, најмалку еднаш дневно.

Секојдневното користење апликации, инсталација на нови апликации, преземање фајлови, играње игри, сурфање на интернет, примање СМС пораки и сѐ друго што правите со смартфонот, посебно оние со оперативен систем Android, остава траги во меморијата на уредот и го отежнува неговото користење.

За да работи телефонот порастоварено и поквалитетно треба секој ден да го рестартирате и така ќе се решат проблемите со „закочување“.

Компанијата LG, на пример, советува да се користи и фабрички инсталираната апликација за одржување на телефонот (Smart Doctor) што ќе направи оптимизација на уредот.

Знаете дека и апликациите што не ги користите, па дури и оние кои ќе ги избришете, во некои случаи и понатаму ја користат меморијата и други ресурси на уредот, поради што треба почесто да го рестартирате смартфонот, некогаш и повеќе од еднаш дневно, особено ако имате оперативен систем Android.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.