x

Една од најдобрите iOS 13 функции: Ве заштитува од непознати повици!

Категорија: Софтвер // iOS Објавено на 07 Јуни, 2019 од GSM.mk

Доколку често имате проблем со непознати или т.н "spam" повици, iOS 13 нуди одлично решение за вас:

Новиот оперативен систем на Apple, iOS 13, доаѓа со опција која автоматски ги игнорира непознатите повици и ги праќа директно кон гласовното сандаче. Според компанијата, кога функцијата е вклучена, уредот со помош на Siri овозможува добивање повици само од броеви кои се наоѓаат во вашите контакти, пораки или e-mail адреси. Сите други повици се директно игнорирани.

Се разбира, ќе имате можност да одлучите дали сакате да ја користите функцијата или не. Можеби ова не е најдобрата заштита од непознати броеви доколку работите некоја професија со која често треба да разговарате со нови луѓе и контакти кои не се во вашиот именик. Но, и во тој случај повиците не се избришани, туку до нив може да стигнете преку гласовното сандаче.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.