x

Една од најдобрите опции на Windows 10 доаѓа на Android и iOS уредите

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 13 Мај, 2018 од GSM.mk

Windows Timeline, една од најдобрите Windows 10 опции, пристигнува и на Android и iOS уредите.

На Microsoft Build конференцијата, Microsoft најави дека една од клучните карактеристики на Windows 10 оперативниот систем ќе биде достапна и на Android и iOS мобилните уреди.

Windows Timeline им овозможува на корисниците да се вратат низ времето и да ги пронајдат своите материјали на кои работеле во денот, минатата недела или неколку недели наназад.

Опцијата ќе биде достапна преку Microsoft Launcher додатокот за Android и Microsoft Edge прелистувачот за iOS уредите.


Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.