x

Една од најпопуларните апликации на Android заразена од вирус

Категорија: Софтвер // Android Објавено на 20 Септември, 2017 од GSM.mk

Повеќе од два милиони луѓе кои дневно ја користат популарната апликација за чистење на меморијата CCleaner е заразена од malware.

CCleaner, апликација која од Google play е преземена повеќе од 50 милиони пати е заразена од вирус кој го напаѓа оперативниот систем Android.

Апикацијата, чиј сопственик е Аваст, оваа грешка ја забележал во изминативе неколку дена и испрати извинување до корисниците.

„Се проценува дека околу 2.27 милиони луѓе користеле заразен софтвер. Го решивме проблемот брзо и се надеваме дека не е предизвикана голема штета кај корисниците“, стои во соопштението.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.